понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 45

Честитка од Груевски по повод Националниот ден на Власите

gruevski-pres-vmro-za-Ivanov

Поврзани вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Македонија по повод 23-ти Мај, Националниот ден на Власите.

Интегрален текст од честитката:

Почитувани сограѓани, припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија,

Ми претставува особена чест и задоволство во името на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, да Ви го честитам 23-ти мај – Националниот ден на Власите и да ви посакам добро здравје, многу љубов и многу среќа во секој од Вашите семејства.

Со прославата на овој празник сите ние ја славиме и одбележуваме историската посебност на Власите во целиот свет, влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Соживот, кој како во минатото така и денес, дава позитивен придонес во интерес на развој на нашето општество. Во таа насока, Власите во Македонија од секогаш биле почитуван и ценет пријател, добар сосед и колега, луѓе кои со својата трудољубивост и посветеност дале голем придонес во остварување на нашите заеднички стремежи за подобра, поуспешна и просперитетна Република Македонија. Таквиот придонес позитивно ја афирмира влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно го продолжувате позитивниот континуитет на вашите претходни генерации и успешно го трасирате патот за нашите идни генерации.

Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да ја изразам својата надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да реализираме голем број проекти за нашата држава, да создаваме дела од значење за сите наши граѓани, бидејќи тоа е единствениот исправен начин за градење на нашата иднина. Тоа претставува заедничка мисија на нашата генерација која мора да биде позитивен пример за сите идни поколенија, за кои сите ние посакуваме да живеат во просперитетна, интегрирана, модерна и силна Република Македонија.

Нека Ви е честит и за многу години 23-ти мај – Националниот ден на Власите !

Најчитани вести