Честитка од Груевски по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи по повод празникот Рамазан Бајрам.
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам, се наведува во честитката.

„Големите верски празнувања, се додава, се можност да се навратиме на вредностите и традициите кои се темел на исламската, но и на другите религии. Овие моменти да ги посветиме на семејството, да помогнеме на тие што им треба помош, но и да се воздржиме од лоши мисли. Тие вредности и чистиот дух се дел од денови поминати во пост. Духовниот благодет од големиот празник и понатаму нека биде инспирација и водилка за напредок и успех во Вашите семејства и во сите полиња од Вашиот живот. Чесниот живот и посветеноста на семејството се основа на градење на добро и функционално општество“, порачува Груевски.

Во честитката стои дека посветеноста на Бога е заедничка на сите кои живееме на овие простори.

„Дозволете да повикам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои на следните генерации“, се истакнува во честитката

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.