Честитка од Иванов до сите католици по повод Божиќ

Претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

„Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да ги следиме врвните морални и етички закони и да дејствуваме во согласност со начелата на вистината. Божиќ е време кога одново ги потврдуваме нашите искрени заложби за негување и за почитување на различноста како врвна вредност на македонското повеќеетничко, повеќерелигиско и повеќејазично општество. Време што нè инспирира да придонесуваме кон мирот, благосостојбата, среќата и севкупниот напредок на нашата татковина Македонија“, стои во честитката.