четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 43

Честитка од Иванов по повод Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

ivanov-768x622

Последни вести

Одбележувајќи го овој празник ги чествуваме и љубовта, мудроста и скромноста. Овој ден е потсетник за големината на Мајката на Господ Исус Христос, но и улогата на жената во семејството и во општеството. Ликот на светицата најчесто се поврзува со страдање и тага, но она што ја велича Богородица е нејзината верба, трпение, скромност и љубов кон Бога и кон ближниот свој, стои во честитката.

Успението на Пресвета Богородица, додава Иванов, е сведоштво за победата на понизноста над горделивоста, сигурноста над стравот и себедавањето над егоизмот.

Водени од овие христијански вредности и сочувствувајќи со настраданите од неодамнешните поплави, Ве повикувам да бидеме солидарни, хумани и да дадеме помош на оние на кои им е најпотребна. Празникот на Мајката Божја во земјава се прославува и како празник на спасението, грижата и довербата. Овој ден нè учи дека разделбата може да значи и соединување, а грижата за послабите и немоќните наше исправување и просветлување на умот и срцето, мотив за извршување добри дела, нагласува претседателот.

Како што подвлекува, делото на Пресвета Богородица е вкоренето во нашата традиција и верување, а нејзиното успение е симбол на возвишувањето и вербата во милоста, човечноста и благодатот.

Најчитани вести