Честитка од Јолевски по повод Денот на сесловенските просветители

-Делото на браќата Кирил и Методиј има највисока цивилизациска вредност. Нивната упорност и вербата во моќта на писменоста ни овозможија да зачекориме во светот на цивилизирани нации со развиена културолошка свест, подготвени да ја запишуваме нашата долга историја, истакнува Јолевски во честитката.

Нам, како што додава, ни останува одговорноста преку интензивен развој на образованието во сите области, да продолжиме да одиме на патот кој го трасираа браќата Кирил и Методиј.

– Министерството за одбрана во континуитет вложува напори за развој на Воената академија, која е срцевината на военото образование во Република Македонија. Токму затоа работевме и на издигнување на академијата во Национален универзитет за одбрана кој ќе има капацитет за креирање на идните воени лидери кои како дел од Армијата на Република Македонија ќе даваат свој несебичен придонес во рамките на Северноатлантската алијанса, додава министерот Јолевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.