Честитка од министерот Јолевски по повод 23 Октомври

јолески

– На денешен ден ја славиме мислата, идејата за слободна, независна и самостојна Македонија. Денес го славиме идеалот кој го водел животот на генерации Македонци. Но, денес се потсеќаме и дека ние имаме морално право и обврска да дадеме сè од себе за да го зачуваме и развиеме она што го имаме – слободна Република Македонија, еднаква и рамноправна со останатите држави во светот, вели Јолевски во честитката. 

Армијата на Република Македонија, истакнува министерот, е токму оној дел од општеството чија задача е зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата татковина.

– Нашите припадници неуморно, во континуитет ги заштитуваат граѓаните на Македонија, особено во времиња на глобални промени и предизвици по безбедноста. Тие стојат цврсто бранејќи ги не само идеалите на нашите предци, туку и современите вредности кои ние ги живееме, додава министерот Јолевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.