Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по повод Националниот ден на Власите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија им го честита празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

Интегрален текст од честитката:

Влашката заедница во Република Македонија претставуваат нераскинлив дел од нашето општество и несомнено даваат огромен придонес во процесот на градење, зачувување и негување на меѓусебните односи и мултикултурната разноликост која ја има Република Македонија.

Празнувањето и почитувањето на меѓусебните културни посебности и особености е вистинскиот пат по кој треба да се движиме и единствениот начин кој ни дава поттик и сила да продолжиме да градиме силни врски на меѓусебно разбирање и толеранција. Само на тој начин, обединети и сплотени ќе создадеме вредности за уште посилен развој и просперитет на нашата држава.

За таа цел, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на Влашката заедница им го честита 23-ти мај, Националниот ден на Власите и им посакува овој ден да го поминат во мир, радост и спокој во кругот на своите најблиски.