Честитка од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ по повод празникот Свети Сава

По повод Денот на српската етничка заедница во Република Македонија пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, упати честитка до припадниците на српската етничка заедница.

Интегрален текст од честитката:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.

Одбележувајќи го овој ден посветен на првиот српски Архиепископ Свети Сава – патронот на српскиот народ претставува изразување на почит кон српската заедница во Република Македонија која претставува нераскинлив дел од македонското општество.

Само цврсто и искрено негување на принципите на меѓусебно почитување, уважување, взаемна доверба, соработка и соживот, Република Македонија ќе ја направат посилна, перспективна и модерна, нешто за што е потребен заеднички напор и влог на сите граѓани.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот Свети Сава на припадниците на српската заедница во Република Македонија им посакува добро празнично расположение, многу здравје, среќа и бериќет.

Со почит,

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ