петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 4

Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на сесловенските просветители

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани во Република Македонија им го честита големиот државен празник 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

vmro-dpmne-2

Последни вести

– Денес е денот кога Македонија со огромна чест и почит го слави и чествува делото на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј, чие лик и дело остави траен и неизбришлив белег како во македонската култура и историја, така и во европската цивилизација. Тоа е дело кое даде огромен придонес во описменувањето и културното издигање низ цела Европа и е дело должно за почит и вечно паметење. Република Македонија и сите ние сме особено горди на фактот што зачетоците на сесловенското просветителство започнале токму од тука, се наведува во честитката.

Но истовремено, како што велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сме свесни дека наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да го негуваме и чуваме нашиот јазик, традиција и идентитет, но и заеднички да продолжиме да даваме свој придонес кон сигурно чекорење по патот кој Светите браќа Кирил и Методиј оддамна ни го покажаа.

Најчитани вести