недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 8

Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Илинден

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и претставници на народот, упатуваме повик до сите граѓани на Република Македонија за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваме државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија, се вели во честитката што денес беше упатена до јавноста.

sobranie-pratenici

Поврзани вести

Интегрален текст од честитката:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита најголемиот празник на нашата татковина, Илинден.

Овој голем празник претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност денес да живееме во слободна и независна Република Македонија. На овој ден ги чествуваме славните и храбрите Илинденци кои го жртвувале својот живот за татковината како и мудрите и пожртвувани припадници на Народнослободителната војска кои се нераскинлив дел од модерна Македонија.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и претставници на народот, упатуваме повик до сите граѓани на Република Македонија за зацврстување на меѓусебната почит, разбирање и сплотени сите заедно да ја чуваме државноста, сувереноста и независноста на Република Македонија. Сакајќи и почитувакќи ја сопствената татковина правиме сигурна и безбедна иднина за нас и за нашите идни поколенија.

На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во среќа, радост, љубов и исполнетост со гордост бидејќи се Македонци.

Нека е честит и вековит празникот!

Најчитани вести