Македонија

Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Свети Сава

Честитка од премиерот Груевски по повод празникот Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Македонија упати срдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Во честитката упатена до припадниците на српската заедница премиерот посочува дека Свети сава со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден.

„Истовремено, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата. Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите“, стои во честитката.

Груевски на припадниците на српската заедница им посака добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех.