Честитка од престедателот Иванов по повод католички Велигден

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,  упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до католичките верници кои го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден.

– На овој ден сите христијани се присетуваат на пораката испратена со Христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците. Нема поголема радост од онаа кога се празнува животот. На овој ден споменуваме за победата на животот над смртта. Христовата жртва нека биде благослов и мотив за да ја шириме пораката за човечноста, мирот, разбирањето и заедништвото. Нека е за многу години големиот христијански празник! Христос воскресна!Навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Иванов.