Честитка од Вељаноски по повод еврејскиот празник Пасха

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до Берта Романо – Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на оваа зедница.

– Од мое лично име и од името на пратениците воСобранието на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод еврејскиот празникот Пасха.

Слободата е главната цел кон која се стремел секој поробен народ низ историјата. Во таа борба се дадени безброј жртви, но идеалот секогаш бил да се биде слободен и потоа слободниот народ сам да ја создава својата иднина. Македонскиот, како и еврејскиот народ ја имаат доживеано судбината да бидат поробени, и затоа имаат важни датуми во својата историја кои ги слават како паметници за таа борба. Затоа е потребно, да се потсетиме и да ја прославиме таа борба преку големиот празник Пасха кој е симболот на ослободувањето на Евреите и претставува ново раѓање за еден подобар свет во кој мирот и  напредокот ќе бидат вистинските вредности.

Во оваа прилика сакам да истакнам дека вредностите кои ги негува еврејската заедница се значајни и за нашите заеднички заложби за негување на меѓучовечките односи, толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија, како и почитување на религиските и културните посебности, се наведува во честитката на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по повод еврејскиот празник Пасха