Честитка од Вељаноски по повод католички Божиќ

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка до верниците од Католичка вероисповест по повод Божик.

– Големиот празник посветен на Христовото раѓање е најрадосниот ден за секој верник во христијанството. Божик е симболот за раѓањето, чин на духовна промена и почеток на нова надеж. Ова се денови кои не зближуваат и не прават да бидеме исполнети со уште поголема љубов и топлина, кон семејството и ближните. Со прославувањето на овој голем христијански празник на сите верници нека им даде поттик да живеат во мир и хармонија, да создаваат добри дела и радост и да продолжат да ги негуваат семејните и традиционални вредности, наведува во честитката.

Убеден сум, додава, дека нашите заеднички цели се да живееме во заедништво со почитувањето на верските различности, бидејќи само така успешно го градиме патот на толеранција кој ќе ни овозможи просперитетна иднина за Република Македонија и поубав живот за сите наши граѓани.

Во честитката им посакува добро празнично расположение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.