Честитка од Вељаноски по повод почетокот на Рамазанските пости

По повод почетокот на Рамазанските пости претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од ислимска вероисповед.

Интегрален текст од честитката:

Почитуван,

Дозволете ми Вам лично, и на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости.

Почетокот на Рамазанските пости и претстојниот период нека бидат исполнети со мир и добродетелство. Овие пости нека ви донесат среќа во заедницата, благодет во семејствата и нека ја зголемат милоста кон сите оние кои ги познавате. Одбележувањето на празниците се потсетник за сите дека треба да си помагаме едни на други во хуманост и да применуваме заедничка почит кон слободното изразување на религиозните различности.

Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме успешно да ги  унапредуваме меѓусебните односи во Република Македонија кои традиционално се одвиваат во духот на меѓусебното разбирање,  и ќе градиме постојан дијалог за доброто на сите граѓани во нашата држава.