недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 3

Честитка од Вељаноски по повод празникот Ханука

veljanoski

Поврзани вести

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски по повод празникот Ханука, упати честитка до Берта Романо Николиќ, Претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија.

Интегрален текст од честитката на Вељаноски:

Почитувана,

Во пресрет на големиот празник Ханука имам чест и особено задоволство од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница, да Ви упатам најискрени честитки по повод празникот.

Слободата е најголемото постигнување на бројни народи и нации низ историјата. Големиот празникот Ханука, не потсетува дека со сила и насилството не може да се победи човечкото достоинство и желбата за слобода. Таа секогаш е посилна и остварлива, таа е светлина која не води кон сите нови предизвици.

Во оваа пригода сакам да истакнам дека придонесот на Еврејската заедница во Република Македонија е голем и значаен за развојот на нашата држава. Почитување на религиските и културните посебности се наша придобивка за заеднички соживот и сигурен пат кон модерна и просперитетна Република Македонија.

Уште еднаш, Ви посакувам  миговите на празнување да ги поминете со вашите најблиски во добро расположение и пријатна атмосфера.

Со искрена почит,

Претседател на Собранието на Република Македонија

Трајко Вељаноски.

Најчитани вести