понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Честитка од Вељаноски по повод празникот Св. Климент Охридски

Неговиот труд е безвременски, тој е придонес за христијанските вредности и македонската национална култура, се вели во честитката.

Честитка од Вељаноски по повод празникот Св. Климент Охридски

Честитка од Вељаноски по повод празникот Св. Климент Охридски

Поврзани вести

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Св. Климент Охридски.

 Празникот посветен на Свети Климент Охридски е почитување и уважување на делото на духовниот водач на Македонскиот народ во историјата. Неговиот труд е безвременски, тој е придонес за христијанските вредности и македонската национална култура. Создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи и стана движечка сила во христијанската богослужба е дел од плодовите на неговата работа кои како денес, така и во иднина ќе останат врежани во нашето историско наследство. Кога го празнуваме овој голем просветител да се потсетиме дека успешно ја продолжи мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј во описменување и јакнење на христијанството кај луѓето, ја создаде Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа кои се цивилизациски почеток на една светла епоха на ширење на христијанската вера, се вели во честитката.

Нека денешниот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, како што истакнува Вељаноски, биде водилка за уште поголеми достигнувања и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање. – Наши ќе бидат придобивките ако работиме да создадеме просперитетна и економски развиена држава со која ќе се гордеат идните поколенија, истакнува претседателот на Собранието на РМ во честитката.

Најчитани вести