Честитка од Вељаноски по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Со завршувањето на Рамазанските пости во најсветиот месец за Вас, верниците се насочени кон создавање на добри дела и верба дека тоа е вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик во овие моменти да го зацврстнете семејството и да ги продолжите верувањата и културата на идните генерации, се вели во честитката.

Овие празнични моменти, се наведува во честитката, се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест, како и да ја пробудиме хуманоста и солидарноста која е наша вековната традиција.

– Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме успешно да ги унапредуваме меѓусебните односи, да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата во Република Македонија. Тие ни се водилка кон просперитет, сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на нашата држава. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам добро празнично расположение, стои во честитката од Вељаноски.