Честитка од ВМРО – ДПМНЕ по повод големиот христијански празник Божик

Честитка по повод големиот христијански празник Рожедество Христово – Божик упати владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст од честитката:

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник Рожденство Христово Божиќ.

Овој голем христијански празник е вистинска прилика за убави мигови поминати со најблиските. Мигови на мир, среќа и топлината на семејниот дом. Мигови во кои си посакуваме добро здравје, се потсетуваме на меѓусебното разбирање, толеранцијата, љубовта и милосрдието. На универзалните човечки вредности кои не дефинираат и поврзуваат со сите други луѓе.

Мигови во кои симболиката на раѓањето на Исус Христос потсетува на непокорливоста на човечкиот дух и постојаното раѓање на нова надеж, мотивација, волја и инспирација со кои се градиме себеси и подобрата иднина за Македонија.

Подобрата иднина за Македонија која е наша обврска не само кон себеси туку и кон идните поколенија и која ја градиме врз темелите на нашите традиционални вредности како семејството, чесноста, трудољубивоста и хуманоста.

Иднина во која ќе доминира заедничката среќа во перспективна и напредна Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.