Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за големиот христијански празник Велигден

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Интегрален текст од честитката на ВМРО-ДПМНЕ

Денес се прославува најголемиот христијански празник, ден кога верниците се радуваат на победата на животот над смртта. Овој празник е најсветлиот ден во годината кој одново ја воскреснува надежта за подобар живот и подобро утре.

Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците, а радоста нека се сподели со најближните, пријателите и соседите.

Во Македонија со векови сме покажале дека умееме заеднички да се радуваме и духовно да се обединиме во празнувањата, водени од традицијата, заедничките вредности, духот на толеранцијата и разбирањето.

Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и зближување. Само така ќе можеме да продолжиме да го градиме патот кон подобра иднина, благосостојба на сите граѓани и личен и заеднички напредок. Само така ќе ја постигнеме нашата единствена цел да ја изградиме Македонија и духовно побогата и попросперитетна.

Нека Бог ја благослови нашата татковина Македонија.

Нека е честит и за многу години празникот Велигден.

Христос воскресе, навистина воскресе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.