Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за католички Велигден

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден и им посакува мигови на  радост, спокој и љубов во секој дом.

– Нека божјата порака и во иднина биде потсетување, да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни и праведни, да се сакаме, да простуваме, да помагаме и да создаваме убави и позитивни дела за земјата. Љубовта, толеранцијата и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици, се вели во честитката.

Промовирањето на вредностите, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, помага во градењето на стабилна и просперитетна држава, меѓусебното почитување, како што постоело со векови меѓу луѓето и е добар пример дека со секој чекор треба се покаже широчина, толеранција и разбирање. – Тоа ќе помогне и во напредокот на државата на секој план и секое поле, се додава во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.