Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Курбан-Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава им го честита големиот празник Курбан-Бајрам.

„Нека деновите на прославувањето на празникот Курбан Бајрам Ви донесат мир и спокој во кругот на семејството и најблиските. Овие празнични мигови треба да бидат поттик да градиме поцврсти врски на меѓусебната солидарност и разбирање како основен столб во градењето на едно напредно општество. Македонија имала вековна традиција на заеднички живот, меѓусебно почитување на верските разлики и толеранција и оваа традиција треба да ја продолжиме, бидејќи тоа им го должиме на нашите предци, но и на идните генерации“, се вели во честитката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.