Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

„ВМРО-ДПМНЕ како свои врвни приоритети ги има отворањето на нови работни места, зголемувањето на платите, подобрата здравствена и социјална заштита и повисокиот стандард на работниците. Тоа е нашата цел и ние и во иднина ќе работиме тоа да го унапредуваме.

Во тој правец ВМРО-ДПМНЕ во континуитет превзема мерки со кои се овозможува полесно вработување на речиси сите категории на граѓани и обезбедување на нивна социјална сигурност, пред се на младите, лицата од социјален ризик, самохраните родители, лицата со хендикеп, невработените лица во поодмината возраст итн. Тоа го правиме преку директна поддршка со кредитирање или бенефиции за нивно вработување.

Во изминатите години посветено работевме на заштитата на работничките права и во таа насока го усогласуваме нашето законодавство со директивите на Европската унија и конвенциите на Меѓународната организација на трудот.

Воведен е концептот на бруто плата,  со што се овозможува интегрирана исплата на плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ значеа намалување на висината на придонесите за здравствено и пензиско осигурување, како и намалување на персоналниот данок, со што се намали и невработеноста во Македонија од рекордни 39% на 27,6%.

Се даде законска можност за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време, по истекот на две години од договорот за вработување на определено време, со што се овозможи поголема социјална сигурност.

За првпат се донесе Закон за минимална плата, а истата во наредниот период континуирани ќе се зголемува.

Се зголемија платите и се воведе задолжителна исплата на регрес за годишен одмор, познат како К-15.

Свесни за предизвиците на ова поле ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи, со директно вклучување на синдикатите како партнери, во подобрување на заштитата на работничките права, подобрување на социјалниот статус на работникот во Македонија и обезбедување на негов подобар стандард. Ова е основна гаранција дека заедно ќе изградиме подобра Македонија во која трудот и работникот ќе бидат вреднувани достојно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.