Честитка од Заев по повод големиот празникот Богојавление – Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев по повод Богојавление – Водици упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан и до претставниците на МПЦ.

– Овој голем ден на духовното раѓање е нова шанса за спокоен и благословен живот. Определбата кон доброто, кон вистината и правдата, кон солидарноста, кон слогата и заедништвото го отвори нашиот пат. Потребна е повторно цврстата волја на духот, преку мудрост и искрена верба во избраните животни вредности, за да го создадеме животот што го избравме. Денешниот ден на духовното раѓање носи нова животна сила на секој од нас, за потребната обнова и на нашето општество во кое среќно ќе живееме сите. Посакувам празникот да го поминете меѓу саканите, во семејството, во добро здравје, исполнети со љубов и меѓусебно разбирање, вели Заев во честитката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.