среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Честитка од Заев по повод почетокот на Рамазанските пости

Zoran-Zaev-6

Поврзани вести

По повод почетокот на Рамазанските пости претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, како и до сите верници од ислимска вероисповед.

Интегрален текст од честитката:

На сите верници од исламска вероисповед, и Вам лично, Ви го честитам започнувањето на овогодинешните Рамазански пости.

Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам.

Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, допринесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманст  и меѓусебно почитување.

Овој свет месец Рамазан не’ потсетува на тие вредности, темелно важни за нашето општество.

Простувањето, солидарноста, толеранцијата, несебичноста, дарежливоста и меѓусебното почитување се вредности за коишто сите треба да се залагаме и да ги негуваме. Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на Република Македонија.

Најчитани вести