Честитка од Заев по повод празникот Свети Климент Охридски

Заев бара да се објавуваат прислушувани разговори кои биле од „јавен интерес“
Заев бара да се објавуваат прислушувани разговори кои биле од „јавен интерес“

По повод големиот хрстијански и државен празник Свети Климент Охридски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед.

– Чествувањето и почитувањето на делото на основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, Свети Климент Охридски, кој целиот свој живот го посветил на просветителство и описменување, е од огромно значење за зачувувањето и унапредувањето на македонската култура и цивилизациските вредности со универзално значење. Со одбележувањето на овој ден, се потсетуваме и на суштинското значење на солидарноста и почитувањето на заедничките вредности кај луѓето, стои во честитката од Заев.

Дела на Свети Климент Охридски, како што посочува претседателот на СДСМ, не обврзуваат сите нас, патеките на меѓусебно разбирање, почитување и помагање да ги промовираме, да ги следиме и заеднички да ги поттикнуваме.