Честитка од Заев за Богојавление – Водици

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите граѓани кои го чествуваат празникот.

Интегрален текст од честитката на Заев:

На Вас, на претставниците на МПЦ, на граѓаните кои денеска празнуваат, од срце го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

Овој празник на духовното раѓање нека `не поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите свети обврски за заштита на вистината и правдата.

Пред нас секогаш ѕвезда водилка на патот нека бидат вистината и правдата, бидејки тоа е нашиот исконски повик и порив како луѓе.

Да бидеме чесни, солидарни, толерантени, да сакаме и почитуваме, да се разбираме и поддржуваме независно од различностите по која било основа.

Само посветени на овие темелни вредности на човековата личност, можеме да обезбедиме спокоен и достоинствен живот за сите, индивидуален и колективен мир.

Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите и семејството во духовен мир.

Среќен празник Богојавление – Водици!