Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Водици

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ по повод големиот православен христијански празник Богојавление – Водици упати честитка до сите праволсавни христијани.

Интегрален текст од честитката на пратеничката група:

Одбележувајќи го овој голем празник ние го славиме нашето духовно раѓање. Радувајќи се на Христовото крштевање и осветувајќи ги македонските води ја продолжуваме и чуваме традицијата на нашите предци и ја потврдуваме вербата и почитувањето на традиционалните вредности.

Светлината на големиот празник Богојавление Христово – Водици со својата духовност, значење и традиција отсекогаш претставувал еден од најголемите, најубавите и најрадосните празници во нашето православие кој треба да ни го осветли патот и да не научи заеднички да се радуваме, да живееме и да работиме бидејќи само така ќе ја постигнеме нашата цел, а тоа е успешна, силна и модерна Македонија.

Негувајќи ја традицијата и духовното наследство, ќе имаме сила и верба заедно да ги издржиме секојдневните предизвици и искушенија, заедно да се радуваме на успесите, но и заедно да се бориме и работиме за нашата единствена и заедничка цел, а тоа е толеранција, разбирање и обединување на сите граѓани на Република Македонија.

Пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на верниците од православна христијанска вероисповед им посакува овој голем ден да донесе радост, топлина, мир и спокој во секој дом, како и почитувување на вистинските христијански вредности.