Македонија

Честитка од Вељановски за Рамазан Бајрам

Честитка од Вељановски за Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на сите верници од исламската вероисповед во Македонија, им упати искрени честитки по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.

„Големите верски празници секогаш се насочени кон создавање на добри дела и верба дека одиме по вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик и нека ви носи мир во душата, благодет во семејствата и среќа во заедницата. Да ги искористиме овие празнични денови за будење на хуманоста и солидарноста, без разлика на вера или нациoналност и да покажеме взаемна почит кон слободното изразување на религиозните вредности“, вели Вељаноски во честитката.

Тој е убеден дека  во Македонија се почитува верската различност и се негува толеранцијата и меѓусебните односи кои пак водат кон добри дела и просперитет.

„Со тоа заеднички и единствени сме насочени кон сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник, Ви посакувам добро празнично расположение“ стои  на крајот на честитката на Вељаноски.