Честитка за Божик од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана

Mакедонското друштво „Илинден“ од Тирана  упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан и до сите православни верници по повод празникот Божик.

– Божик е празник кој секој христијанин го дочекува во кругот на семејството радувајќи се и славејќи го животот. И оваа година Божик нека биде инспирација сплотени со отворени срца и чиста мисла да помислиме на сите оние на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа и  безрезервно да им ја понудиме нашата помош и поддршка. Дозволете уште еднаш да посакам во срцата на сите верници да се всели мирот и спокојството, радоста и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов и почит кон ближните. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди, стои во честитката на „Илинден“.