вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 16

Честитка за празникот Св. Климент Охридски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку тоа е дел и од темелите на европската цивилизација и култура и претставува европски цивилизациски симбол.

Честитка за празникот Св. Климент Охридски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Честитка за празникот Св. Климент Охридски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

 Денес е денот кога нашиот народ со огромна чест и задоволство го празнува делото на Светиот Климент Охридски. Денот посветен на Свети Климент Охридски, е ден кога се одбележува неговата апостолска дејност и ден кога се афирмираат заедничките христијански и цивилизациски вредности на човекољубие и надеж за подобар и попросперитен свет, бидејќи токму тој е основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилското писмо.

Светиот Климент Охридски со својата просвета не заостана зад своите учители, светите Кирил и Методиј, туку ги наследи и ја продолжи нивната мисија и нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку тоа е дел и од темелите на европската цивилизација и култура и претставува европски цивилизациски симбол.

 Големината на делото на Светиот Климент Охридски е долг кон него и претставува аманет и обврска кон идните генерации да ја почитуваат нашата традиција и духовно наследство, но и да го чуваат и шират духот на неговата мисија и дело за споделување со светот на нашата традиција и култура, како и нашето големо духовно и културно богатство.

Нека е честит и вековит празникот!

Нека е вечно делото на Светиот Климент Охридски!

Најчитани вести