Македонија

Честитки до претседателот Иванов по повод Денот на независноста

Честитки до претседателот Иванов по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија голем број шефови на држави од светот испратија честитки до претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на САД Барак Обама во честитката наведува дека 23-годишнината од независноста на Македонија е повод за одбележување на прогресот на нашата држава и обновување на посветеноста во споделувањето на заедничките демократски вредности. – Американскиот народ ми се придружи во испраќањето најдобри желби до Вас и до граѓаните на Република Македонија, по повод одбележувањето на 8 Септември, денот на вашата независност. Соединетите американски држави ги ценат пријателството и соработката со Македонија и ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат кон поголема интеграција во евроатлантската заедница, пишува во честитката на американскиот претседател Обама.

Претседателот на Сојузна Република Германија Јоахим Гаук во својата честитка истакнува дека Германија и натаму останува наш силен поддржувач, пријател и партнер. – Вашата земја одлучи да ги прифати предизвиците кои се поврзани со приближувањето кон евроатлантските структури. Патот кон европската интеграција, кој започна со Спогодбата за стабилизација и асоцијација и беше потврден со препораката на Европската комисија за започнување пристапни преговори меѓу Европската унија и Вашата земја, води преку решителен курс на реформи, особено во областите на правната држава и демократскиот плурализам. Вам, на македонската Влада и на граѓаните на Вашата земја Ви посакувам храброст, сила и сигурност за успешно да продолжите по овој пат како мултиетничко општество, се вели во честитката на германскиот претседател Гаук.

Во честитката од претседателот на Република Унгарија Јанош Адер се наведува дека одличната соработка меѓу двете земји се унапредува постојано, врз основа на заеднички вредности.

– Неодамна имавме задоволство да ја прославиме 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. Господин Претседателе, Ве уверувам дека Унгарија ќе остане посветена на натамошно унапредување на заемно корисните односи меѓу двете земји, стои во честитката на унгарскиот претседател Јанош, посакувајќи успешно и ефикасно надминување на сите предизвици со кои што се соочува Република Македонија на патот на евроатлантската интеграција.

Претседателот Иванов прими честитки и од Кралицата Елизабета Втора, кралот на Кралството Холандија Вилем-Александар, како и од императорот на Јапонија Акихито, со желби за среќа, благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија