Честитки и благодарност од Ѓорчев за поранешниот канадски премиер Харпер

Ѓорчев му честиташе на канадскиот премиер Харпер за изборот за претседател на ИДУ и му се заблагодари за признавањето на Република Македонија

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, се сретна со поранешниот премиер на Канада, Стивен Харпер, кој беше избран за претседател на Меѓународната демократска унија (ИДУ), каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев му се заблагодари на Харпер што за време на неговиот мандат како премиер Канада ја призна Република Македонија под уставното име. Ѓорчев му се заблагодари, исто така, и за поддршката која нашата земја ја добива од Канада.

На средбата стана збор и за македонците во Канада, кои во Канада според некои процени ги има околу 200 илјади. Ѓорчев му се заблагодари на Харпер и за неговиот однос кон Македонците во Канада.

Во ИДУ членуваат сите регионални десни партии како и самата ЕПП.

ИДУ е меѓународна организација на партиите од десниот центар. ИДУ има 71 полнаправни членки од 63 држави ширум светот од Европа, Америка, Австралија и Азија. Организација е формирана во 1983 година и нејзиното седиште се наоѓа во Минхен, Германија.

Организацијата е формирана по иницијатива на германската фондација „Конрад Аденауер“ и тогашниот потпретседател на САД, за време на администрацијата на Роналд Реган, Џорџ Буш – постариот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.