Честитки за реизборот на претседателот Иванов

По повод реизборот на претседателот Ѓорѓе Иванов, писмо со честитка во име на Европската комисија и во лично име упати претседателот на Европската комисија,  Жозе Мануел Баросо.

„Како земја – кандидат постигнавте многу на планот на интеграцијата во Европската унија. Преостануваат важни предизвици и потребно е спроведување на натамошни реформи. Од суштинско значење е градење на довербата меѓу граѓаните во демократските процеси. Добрососедските односи, вклучувајќи ги и преговорите за заеднички прифатливо решение за спорот со името, остануваат од суштинско значење.  Ви посакувам успеси како Претседател во справување со предизвиците и исполнување на европските аспирации на Вашата земја, а во интерес на сите граѓани“, стои во писмото од Баросо.

Честитки за реизборот на претседателот Иванов упати и претседателот на Руската Федерација,  Владимир Путин.

„Резултатите од гласањето потврдуваат Ваш голем политички авторитет и доверба на граѓаните. Вие давате значаен придонес за зацврстување на пријателските односи и за заемно корисната соработка меѓу Русија и Македонија“, стои во писмото упатено од претседателот Путин.

Честитки до претседателот Иванов упатија и  претседателите на  Сојузна Република Германија, Јоахим Гаук, на  Република Турција,  Абдула Ѓул, на Република Бугарија,  Росен Плевнелиев. Исто така на Иванов му честитаа и претседателите на  Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Литванија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина…

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.