Честојнова: Автопатот Демир Капија–Смоквица е стопиран поради неспособноста на Сугарески и Заев.

Автопатот Демир Капија–Смоквица требаше да биде пуштен овој месец, но изградбата во моментов се кочи поради двет банални и смешни причини, а вистината е дека станува збор за неспособноста и целосната незаинтересираност на минситерот за транспорт и врски Горам Сугарески и неговиот премиер Зоран Заев, изјави пред новинарите во средата Павлина Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот за транспорт и врски Сугарески не е заинтересиран да го заврши целосно автопатот кој може да биде завршен за два дена. Едната од причините е дислокација на електричен столб, а втората причина е одобрение за градба на диспечерски центар на страната на Неготино“, укажа Честојнова.

Рече дека уште на 23 мај при последниот увид на градежните активности е истакнато дека остануваат да се довршат уште дислокацијата на далноводот и електрификацијата, а сега актуелниот министер од СДСМ поради својата незаинтересираност и неспособност не може или не сака да ги реши овие два банални проблема за да се пушти во употреба автопатот во текот на летната сезона на одмори.

„СДС очигледно не само што нема намера да реализира нови проекти, туку нема намера и заинтересираност да ги доврши постојните проекти кои веќе се пред финална фаза. Деструкцијата и неспособноста на СДС ги гледаме на дело. Министер што не може да дислоцира еден електричен столб и да даде едно одобрение за градба, не заслужува и нема капацитет да води цело министерство“, заклучи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.