среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 11

Честото консумирање лута храна го намалува ризикот од канцер

Честото конзумирање зачинета (лута) храна е исто така поврзана со помал ризик за смрт од канцери, ослабено срце и болести на респираторниот систем, а ова е поизразено кај жените отколку кај мажите.

luti_piperki-640x396

Последни вести

Честото консумирање лута храна го намалува ризикот од канцер. Внесете повеќе свежа и сушена лута чили пиперка во вашата исхрана, затоа што јадењето лута храна на дневна основа сега е поврзано со понизок ризик од смрт заради канцер, срцеви заболувања или болести на белите дробови и дијабетес.

Учесниците во истражувањето објавено од страна на Бритиш медикал журнал, кои јаделе лута храна скоро секој ден, имале за споредба 14 проценти помал ризик од смрт во споредба со оние кои консумирале зачинета храна помалку од еднаш неделно. Оваа поврзаност е иста и кај мажите и кај жените, а е поизразена кај оние кои не консумираат алкохол.

Честото конзумирање зачинета (лута) храна е исто така поврзана со помал ризик за смрт од канцери, ослабено срце и болести на респираторниот систем, а ова е поизразено кај жените отколку кај мажите – забележале научниците во студијата која беше објавена во Бритиш медикал журнал (БМЏ).

Свежите и сушените лути чили пиперчиња се најчесто користените лути зачини кај оние кои пријавиле дека јаделе лута храна во текот на неделата. Меѓународен тим, предводен од истражувачи во Кинеската академија за медицински науки ја истражувале поврзаноста на конзумирањето на лута храна како дел од секојдневната исхрана, и севкупните ризици и причини за смртност.

свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.

Свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.

Тие во истражувањето вклучиле 487,375 учесници на возраст помеѓу 30 и 79 годишна возраст. Сите учесници пополниле прашалник за тоа што генерално јадат, за физичката состојба, и за конзумирањето на лута храна, црвено месо, зеленчук и алкохол. Во споредба со учесниците кои јадат лута храна помалку од еднаш неделно, оние кои конзумирале лута храна еднаш и два пати неделно имале 10 процени помал ризик од смрт.

Оние кои јадат лута храна три до пет, шест, па и седум дена во неделата, имале 14 проценти помала веројатност за смртност.

Некои од биоактивните состојки по се изгледа се двигатели за оваа поврзаност – објаснуваат авторите и додаваат дека свежиот чили е побогат со капсаицин, витамин Ц и други корисни состојки.

Авторите повикуваат повеќе научници да се вклучат, со што може „да доведе до посовремени препораки за исхраната и до развој на функционална храна“. Претходни истражувања упатуваа дека корисните ефекти од лутата храна и нивната биоактивна состојка, наречена капсаицин, помагаат против дебелеењето, се антиоксиданси, се антивоспалителни и имаат против канцерогени својства.

Најчитани вести