четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 46

Чествување на Петре М. Андреевски

Повод за средбата е десет години од смртта на големиот македонски писател, кој со своето дело ги одбележа најубавите страници во современата македонска книжевност.

petre

Последни вести

Во организација на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, денеска ќе се одржи чествување на бардот на македонската литература Петре М. Андреевски.

Повод за средбата е десет години од смртта на големиот македонски писател, кој со своето дело ги одбележа најубавите страници во современата македонска книжевност.

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ беседа за Андреевски ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска.

Петре М. Андреевски е македонски поет, романсиер, раскажувач и драмски автор. Се вбројува во најдобрите, најчитаните и најпопуларните македонски писатели. Автор е на дваесетина бележити книги од сите жанрови и е преведен на повеќе јазици. Добитник е на најважните книжевни награди во Република Македонија. Починал на 25 септември 2006 година во Скопје.

Најчитани вести