Чествување за децата бегалци од граѓанската војна во Грција

По повод празникот Илинден, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ денеска организира чествување за децата бегалци од граѓанската војна во Грција.

Делегации на здруженијата на Македоците од Егејскиот дел на Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“ и Светскиот македонски конгрес ќе положат цвеќе на споменикот на децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Во рамки на чествувањето ќе се одржи панихида за упокоените прогонети деца Македонци во Соборниот храм  „Свети Климент Охридски“ во Скопје