Чествување за Гане Тодоровски

Во мултимедијалниот центар „Матица еккслузив“ од Скопје, на 15 декември во 19 часот ќе се одржи литературна средба посветена на академик Гане Тодоровски. Во оваа пригода ќе биде промовиран изборот од 85 песни од наслов „Биографија“,што го го објави „Матица македонска“ по повод 85-годишнината од раѓањето на поетот.

За литературното дело на Тодоровски ќе зборува  проф.м-р Мими Блажевска, а стихови ќе читаат професори и членови на литературната секција од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје.