Македонија

Четири автобуски постојки денеска вон функција

Четири автобуски постојки денеска вон функција
Четири автобуски постојки денеска вон функција

Поради изведување градежни работи од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје, денеска нема да се користат неколку автобуски постојки, соопшти Град Скопје.

Станува збор за следниве автобуски постојки: пред ТЦ „Сити мол“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров во период од 08 до 09.30 часот, кај Градска болница во правец од Тутунски комбинат кон Центар во период од 10 до 11.30 часот, пред спортска сала Автокоманда и терминал на автобуска линија бр.2 во правец од Автокоманда кон Центар во период од 12 до 13.30 часот и пред Шумарски факултет во правец од Автокоманда кон Центар во период од 14 до 15.30 часот, иформираат од Град Скопје.