Четири автобуски постојки утре вон функција

Четири автобуски постојки утре вон функција
Четири автобуски постојки утре вон функција

Поради изведување градежни работи од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје, утре нема да се користат неколку автобуски постојки, соопшти Град Скопје.

Станува збор за следниве автобуски постојки: пред ТЦ „Сити мол“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров во период од 08 до 09.30 часот, кај Градска болница во правец од Тутунски комбинат кон Центар во период од 10 до 11.30 часот, пред спортска сала Автокоманда и терминал на автобуска линија бр.2 во правец од Автокоманда кон Центар во период од 12 до 13.30 часот и пред Шумарски факултет во правец од Автокоманда кон Центар во период од 14 до 15.30 часот, иформираат од Град Скопје.