Четири деца тешко повредени во сообраќајката кај Катланово

Триесет и едно годишна жена се бори за живот, а петмина се тешко повредени, од кои четири се деца, во страотната сообраќајна несреќа која денска околу 14 часот се случи на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово.

До несреќата дошло при директен судир на автомобил марка „голф“ со косовски регистерски таблички кои возејќи во обратна насока по автопатот се судрил со „мерцедес“ со велешки таблици.

Во мерцедесот патувало четири члено семејство од Куманово, со две деца, кои исто така се во тешка здравствена состојба.

Два деца се наоѓале и аво голфот со регистерски таблички од Урошевац, Косово заедно со нејзината мајка кои се префрлени во скопските клиники.

Во Ургентната клиника се наоѓа и 7-годишното дете од Кавадрци.

Сите седумина повредени прво биле однесени во велешката клиника, но поради сериозноста на повредите се префрлени на скопските клиники