Четири дена не работи радар во контролата на летање, надлежните не преземаат ништо!

Еден од трите радари кои мора да функционираат постојано и од кои зависи контролата на небото над Македонија веќе четврти ден е надвор од функција, објавува порталот Денешен, повикувајќи се на свои извори.

Порталот пишува дека радарот престанал да функционира и наместо по протокол веднаш да се изврши инспекција, новиот директор кој е таму веќе некое време ги забранил инспекциите.

-Со тоа директорот постапил надвор од сите правила, демонстрирајќи негрижа, импровизации и неспособност на новото раководство наМНАВ, кои според досега виденото доаѓаат како задолжителен багаж на секој нов кадар поставен од СДСМ.  Прашање е кој ќе ја сноси одговорноста доколку македонската контрола на летање поради работа без еден клучен радар кој никој не го поправа, направи грешка во своето работење, пишува Денешен.

И најмал превид или грешка во работата на контролорите значи трагедија со катастрофални последици за која е прашање кој ќе ја земе одговорноста – само МНАВ и новиот директор кој не презема итни чекори за санирање на проблемите, или и сите оние кои ги поставиле нив на раководни позиции.

Во историјата на Македонија се случиле неколку несреќи на воздухопловни објекти на нејзина територија, како несреќите на авионите на Палер Македонија и Авиоимпекс во кои животот го загубија 200 лица. Македонија се сеќава и на трагедијата на хеликоптерот на АРМ во која животот го загубија 11 војници, а во авионска несреќа кај Мостар згасна животот и на претседателот Борис Трајковски.