Четири фабрики почнуваат со градба, а две со производство – вработување за 5.000 лица

Четири фабрики почнуваат со градба, а две со производство - вработување за 5.000 лица

Четири фабрики почнуваат со градба, а две со производство и вработување овој и идниот месец. За ова денес информираше премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на отпочнувањето на капиталниот проект за реконструкција на 15 улици во скопската општина Ѓорче Петров .

Тој нагласи дека во овие 6 фабрики ќе се вработат над 5000 лица, а за странските инвестиции кои се однесуваат за септември посочи дека ќе се објави кога ќе дојде време.

Во следниот месец и половина со изградба на сопствени капацитети ќе започнат фабриките КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп и Кондево во Штип, додека отворање на своите капацитети и почеток на производство во следниот период ќе имаат Дијатек во Индустриската зона во Скопје и Техникал текстајл во Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.