Четири фризури што ја уништуваат косата

Сите сакаме да носиме коњско опавче или плетенки, но дали сте знаеле дека овие супер слатки фризури може да и наштетат на вашата коса. Затоа е добро да ја оставите косата малку да се одмори и да се опорави, а овие четири фризури треба да ги одбегнувате.

Коњско опавче

Штета: влакното цвета и пука

Коњското опавче е најлесен начин за да ја тргнете косата од лицето или за да ја скриете немиената коса. Но, честото носење коњско опавче може да ја уништи вашата коса и повеќе отколку што си замислувате. Еластичните стегачи за коса се премногу цврсти па затоа со текот на времето вашата коса слабее и пука.

Плетенки

Штета: Расцеветување и слабеење на косата

Не очекуваме дека никогаш повеќе нема да носите плетенки откако ќе го прочитате овој текст, но пуштете ја косата да дише особено ако сте на море. Ако вашата коса е прецврсто затегната, таа пука од коренот што е апсолутно најлошата работа што може да ви се случи. Стегнатите плетенки можете да ги носите само во посебни прилики, а затегнатите плетенки изберете ги за поопуштен изглед.

Влажна крената коса

Штета: пукање, расцевтување, паѓање на косата

Можете да замислите колкава штета ќе направите ако претходните две фризури ги направите додека косата ви е влажна. Влажната коса е многу почувствителна од сувата и побрзо пука. Немојте никогаш да ја врзувате косата додека е влажна.

Неуредна пунџа

Штета: триење и кубење на темето

Спиењето со пунџа на главата ќе ви ја сочува добро уредената фризура, но исто така ќе има и големи штетни последици за здравјето на вашата коса. Многу е важно да ја пуштите косата кога одите на спиење, за да не нанесете штета на коренот на косата. Ако сепка не можете да спиете со пуштена коса, задолжително користете сатенска или свилена лента.