четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 1

Четири фризури што ќе направат да изгледате помладо

Рамната коса може да изгледа безживотно и безлично, па со самото тоа и да му додаде години на вашето лице.

frizurii-1

Поврзани вести

Рамната коса може да изгледа безживотно и безлично, па со самото тоа и да му додаде години на вашето лице.

Постојано ја менувате бојата на косата, посетувате фризер постојано за да ја дотера вашата коса до совршенство и да направи да изгледа прекрасно. Еве како да заштедите пари и да направите едноставни фризури што ќе ви помогнат да изгледате неколку години помладо.

Плетенка настрана

pletenka-nastrana

Наместо класична плетенка или рибина коска, што сте ги носеле кога сте биле девојче, пробајте лежерна варијанта настрана што во моментов е вистински хит. Плетенката од овој тип на вашата коса ќе и даде волумен и младешки изглед.

Шишки

shiski-1

Шишките сеуште се во тренд, па со тоа се и идеален начин за скривање на брчките на челото. Но избегнувајте ги оние ретките, скалесто скратени шишки, затоа што со таква фризура ќе изгледате повозрасно. Сепак, ако сеуште не сте во онаа група на жени што ги скриваат годините и брчките можете да изберете едноставна младешка фризура со подолги шишки на страна. Таквата фризура делува мошне романтично и лежерно и благодарение на неа ќе го истакнете лицето и ќе го освежите изгледот.

Кадрава коса

kadrava-kosa

Рамната коса може да изгледа безживотно и безлично, па со самото тоа да му додаде години на вашето лице. Ако имате долга рамна коса поиграјте си и направете кадрици, што на косата ќе и’ го вратат волуменот и виталноста.

Скалесто скратена коса

stepenasto

Иако пунџата е мошне елегантна фризура што совршено стои со вечерен фустан, пунџата на нагласениот профил може да му додаде години. Распуштената, скалесто скратена коса исто така може да изгледа елегантно, но и младешки. Топлите смеѓи тонови се препорака ако сакате да се подмладите.

Најчитани вести