Четири години затвор за жител на Богданци – силувал 80-годишна жена

Четири години затворска казна заработи Зоран Спасиќ (47) од Богданци за силување старица, јавува Телеграф.

Осудениот на 21 јануари годинава во 6:30 часот во дворот на средното училиште „Богданци“ кај спортската сала, физички ја нападнал и извршил силување над В.М. (80) од истото место.

Старицата поради здобиените повреди беше задржана на лекување во Општата болница-Гевгелија.

Спасиќ го признал делото, и се спогодил со Јавното обвинителство од  Велес, по што судија во претходна постапка од Основен суд-Велес му ја изрекол казната затвор  во траење од четири  години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.