Четири инфраструктурни проекти во Свети Николе

На неколку локации во општина Свети Николе денеска беа ставени камен темелници за реализација на четири инфраструктурни објекти.

На означувањето на почетокот на градежните активности присуствуваа градоначалниците на општините Свети Николе и Велес, Зоран Тасев и Славчо Чадиев.

Имено во село Црнилиште, започна изградбата на канализациона мрежа која ќе ги опфати сите домаќинства  на селото во кое живеат над 500 жители.  Денес стартуваше и изградбата на  локалниот патен правец  кон село Орел во должина од околу 5 километри,каде ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната лента и ќе биде поставен нов слој асфалт.

Покрај тоа во општина Свети Николе ќе се работи и на инфраструктурно уредување на излетничките  места Ѓуриште и Мавровица кои светиниколчани  ги користат за излети, одмор и рекреација.

Покрај сопствените средства од локалната самоуправа,   за  реализација на сите овие проекти планирани се околу 40 милиони денари, и  од  вардарскиот плански регион  и од агенцијата за рурален развој на Република Македонија. Изградбата на автопатот Скопје – Свети Николе – Штип, уште повеќе ќе ја зголеми потребата  за инфраструктурно зајакнување на општина Свети Николе во сите сегменти на живеењето, па токму затоа овие проекти  ќе добијат поголемо значење со нивната реализација.

„Во Црнилиште жителите од оваа село не веруваа дека по многу години некој ќе ги разбере и ќе им помогне. Градоначалникот на една од средбите со нив вети дека Црнилиште ќе добие канализација, а тоа денес се  реализира. Упатувам голема благодарност до Градоначалникот Зоран Тасев и до Владата на Р. Македонија.“ – вели Ико Алексовски Претседател на Месна заедница на село Црнилиште.

crniliste-640x480

 

sveti-nikole-1-640x480

sveti-nikole-4-640x480