Четири клуба обезбедија проаѓање, уште 12 може оваа седмица

Две кола пред крајот на натпреварувањето по групи во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, Баерн, Манчестер Сити и Тотенхем обезбедија учество во осминафиналето, а оваа седмица тоа може да го обезбедат уште дванаесет клубови.

Доколку, пак, тоа им успее на сите, би можело да се случи дека и пред последното коло да бидат познати сите учесници во осминафиналето.

За европска пролет во вторник и во среда ќе се борат Манчестер Јунајтед. Базел, Рома, Челзи, Барселона, јувентус, Севиља, Ливепрул, Шахтјор, Бешикташ, Порто и актуелниот европски првал Реал Мадрид.

Група А

Во оваа група во водство е Манчестер Јунајтед со 12 бодови, пред Базел и московска ЦСКА со по 6 бодови и Бенфика без победа. Јунајтед може да оди натаму и со пораз доколку ЦСКА на домашен терен не ја совлада Бенгика. Во осминафиналето може да се пласира и Базел, доколку ЦСКА биде поразена, а самите тие го совладаат Јунајтед.

Група Б

Во оваа група, ПСЖ и Баерн веќе обезбедија минување. Прашање е кој ќе го освои првото место. ПСЖ има три бода повеќе од баварците и во првиот меѓусебен дуеал славеа со 3:0 што за парижаните е голема предност. ПСЖ води на табелата со 12 бодови пред Баерн со 9, Селтик со 3 и Андерлехт без бодови. Во петото коло се среќаваат Андерлехѕ и Баерн и ПСЖ и Селтик.

Група Ц

Во оваа група по четири кола води Рома со 8 бодови пред Челзи со 7, Атлетикот Мадрид со 3 и Карабаг со 2 бода. На Рома за пласман во осминафиналето ѝ е потребен барем бод во Мадрид на гостувањето кај Атлетикот, додека Челзи може да мине натаму доколку на гостувањето го совлада Карабаг. Лондонците можат натаму и со борд, но во тој случај Атлеко не смее да ги освои сите три бода.

Група Д

Во оваа група на две кола пред крајот на фазата по групи води Барселона со 10 бодови пред Јувентус кој има 7, Спортинг има 4 а Олимпијакос еден бод. Барса гостува во Торино, и со еден бод ќе го обезбеди минувањето натаму, но и првото место во групата. Четата предводена од Меси и со пораз можат да се пласираат во осминафиналето, но тогаш Спортинг не смее на домашен терен да го совлада Олимпијакос.

Група Е

Во оваа група води Ливепрул со 8 бодови, пред Севиља со 7, Спартк со 5 и Марибор со ѝ1 бод. На „Редсите“ за сигурен пласман им е потребна победа на гостувањето кај Севиља или бод доколку Марибор успее да го сопред Спартак среде Москва. Севиља може да оди натаму доколку на својот терен го совлада Ливерпул.

Група Ф

Манчестер Сити веќе го осигури минувањето од оваа група, а чекор до осминафиналето е и Шахтјор. На Украинците продолжување на натпреварувањето во најелитното континентално натпреваруње им е потребно реми на гости кај Наполи. Можат натаму и доколку видат поразени, но тогаше не смеат да бидат поразени со повеќе од еден гол разлика и мора да постигна гол. Манчестер Сити е водечки со 12 бодови, Шахтјар има 9, Наполи 3 а Феенорд е ез бодови. Во петтото коло Манчестер Сити го пречекува Феенорд, а Наполи – Шахтјар.

Група Г

Бешикташ може да го обезбеди пласманот од оваа група и тоа доколку на свој терен освои барем бод против Порто. Во тој случај ќе го осигура и првото место. Натаму може и Порто и тоа доколку оствари победа во Истанбул, а Лајпциг е победи во Монако. Турскиот систем води на табелата со 10 бодови, Порто е втор со 6 бодови, Лајпциг е трет со 4 бодови а Монако има 2 бода.

Група Х

Во оваа група пласманот го обезбеди веќе Тотенхем, а чекор до потврда на пласманот е и европскиот првак Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ гостува АПОЕЛ и победа сигурно го носи натаму, а бод му е доволен доколку Борусија во Дортмунд не го победи Тотенхем. Во моментов на табелата води Тотенхем со 10 бодови, Реал Мадрид е втор со 7 бодови, додека Борусија и АПОЕЛ имаат по 2 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.