Четири лица потешко повредени во сообраќајката во Автокоманда

Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во несреќата која денеска во 13:30 часот се случи на булеварот „Александар Македонски“ во скопската населба Автокоманда, информираат од Секторот за внатрешни работи во Скопје.

 

Како што објаснуваат од таму, во несреќата учествувале две моторни возила кои се судриле, односно еден камион со скопски регистарски таблички и автомобил марка „голф“ со српски регистарски таблички.

 

Сите четири лица кои биле во автомобилот се здобиле со тешки телесни повреди по што се  пренесени веднаш во Ургентен центар.

 

Полицијата сè уште е во тек со увидот за да се разоткријат причините за настанувањето на несреќата и останатите последици.